ноември 23, 2024

Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“, Горан Јанев, редовен професор на Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања истакна дека проектот Скопје 2014 донел поделеност, подвоеност на бинационална држава и тоа е веројатно целта на етнократскиот поредок кој го живееме во Македонија.

-Ниеден споменик не е легално поставен, бидејќи не можете да прогласите Александар Македонски за личност од локално значење, ако го викате „воин на коњ„ треба да сме сите ние коњи и глупави да сфатиме дека тоа не е Александар Македонски. Тој не е од локално значење, во општина Центар никако не прошетал веројатно, а тоа е споменик на општина Центар. Оттаму се нелегални во својата поставеност. Само со примена на прост легален механизам требаше да бидат сите отстранети. Зошто? Затоа што сега се дел од нашето секојдневие, реалност“, подвлече тој

Понатаму тој истакна дека тие споменици остануваат да зрачат по својот национализам – поделба во градот и државата.

-На Македонија и се оневозможи иднина на здрава основа, дали ќе продолжи да опстојува е прашање на околности од надвор повеќе, бидејќи кохезивните сили внатре не успеавме да ги ангажираме. Така што, останува оваа раздвојувачка компонента во јавниот простор да ни ги боде очите на сите кои ја замислуваме Македонија поинаку, но тоа е што е. Ни останува да промислиме дали е можно … дека Скопје како европска престолнина 2028 би можело тоа го промавне. Не верувам. Мислам дека газиме во кал длабока и тешко ќе излезем од тоа, така што Скопје 2014 засекогаш како наша судбина е мојата песимистичка завршна мисла, заклучи тој.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK