ноември 23, 2024

Наполи го победи Јувентус со 2.1 во 27.коло во Серија А. Наполи со овој триумф се врати во борбата за пласман во европските купови, а Јувентус полека отпаѓа од трката за титулата. „Старата дама“, го доживеа третиот пораз на последните пет натпревари.

Новиот тренер Калцоне го врати Наполи во живот. Наполитанците вечерва ја забележаа петтата последвна победа во дуелите со Јувентус.

Првото полувреме го обележа Душан Влаховиќ кој промаши две изгледни шанси. Лошата реализација на Влаховиќ ја казни Кварацхелија во 42.минута.

Наполи во второто полувреме се определи да го брани водството.

Казната за таквата опредлба дојде во 81.минута, кога Карлос Алкараз одигра двојно додавање со Киеза, овој виде простор за удар, шутираше од работ на шеснаесетникот и ја погоди мрежата за 1:1.

Наполи сепак успеа да победи. 18-годишниот Нонге беше невнимателен, направи прекршок за пенал врз Осимен. Веднаш по тој прекршок Алегри го повлече Нонге од теренот, кој одигра вкупно 15 минути.

Шчесни го одбрани пеналот на Осимен, но на одбиената топка налета Рапспадор, кој погоди и му донесе три бода на Наполи.

The post Наполи го победи Јувентус и ја реши шампионската трка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK