ноември 23, 2024

Фудбалерите на Барселона, Френки де Јонг и Педри ќе бидат подолго време надвор од терените, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона соопшти дека Де Јонг и Педри се повредиле на натпреварот од 27. коло на Ла Лига, во неделата против Атлетик Билбао (0:0). Сепак, Барселона не објави колку долго ќе отсуствуваат двајцата играчи од теренот.

Де Јонг (26) заработи повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб, а шпанските медиуми истакнуваат дека холандскиот фудбалер ќе отсуствува најмалку четири недели.

Тој оваа сезона одигра 27 натпревари за каталонскиот клуб.

Педри (21) ќе мора да мирува најмалку шест недели поради повреди на мускулот на десната надколеница, но шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Барселона нема да брза да се врати на терените. За каталонскиот клуб оваа сезона настапи на 24 натпревари.

Барселона е на третото место на табелата во Ла Лига со 58 бодови.

The post Барселона најмалку еден месец ќе биде без Педри и Де Јонг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK