ноември 24, 2024

Судот за спортска арбитража (CAS) ја намали од четири години на девет месеци суспензијата изречена на поранешната победничка на Вимблдон и Ролан Гарос, романската тенисерка Симона Халеп поради допинг.

„Панелот на CAS едногласно одлучи дека периодот на забрана од четири години наметнат од независниот трибунал на ИТФ треба да се намали на деветмесечен период на забрана кој започнува на 7 октомври 2022 година, а завршува на 6 јули 2023 година“, се вели во соопштението на CAS.

Оваа одлука значи дека поранешниот тенисер број еден во светот, 32-годишната Романка, може веднаш да се врати на тенисот. Таа стравуваше дека нејзината кариера ќе заврши ако се потврди првичната одлука за суспензија.

Иако нејзиниот случај беше делумно потврден, CAS пресуди дека Халеп „според процената на веројатностите“ ненамерно земала „Roxadustat“, забранет засилувач на крвта.

„Внимателно разгледајќи ги сите презентирани докази, CAS откри дека Симона Халеп утврдила, врз основа на процената на веројатностите, дека Roxadustat влегла во нејзиното тело преку консумирање контаминиран додаток што го користела во деновите непосредно пред 29 август 2022 година“, се вели во соопштението на арбитражниот спортски суд.

„Roxadustat, како што беше откриен во нејзиниот примерок, е изведен од тој контаминиран производ. Како резултат на тоа, панелот на CAS откри дека Халеп исто така утврдила, на прецената на еројатности, дека нејзиното прекршување на анти-допинг правилата не било намерно. Иако CAS панелот ѝ утврди дека г-ѓа Халеп има одредено ниво на вина или небрежност за нејзиното погрешно постапување, бидејќи таа не била доволно внимателна при користењето на додатокот Keto MCT, заклучи дека таа не сноси некоја значителна вина или небрежност“, заклучи Судот.

Халеп беше тенисер број еден во светот вкупно 64 седмици, меѓу 2017 и 2019 година. Таа освои 24 турнири во кариерата, вклучувајќи го и Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон една година подоцна. Таа нема играно од Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што беше позитивна и отслужи забрана што можеше да ја задржи надвор од тенисот до октомври 2026 година, кога ќе наполнеше 35 години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK