мај 12, 2024

Владата го  усвои основниот концепт на новиот законот за плати  кој ги регулира правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции. Драфт верзијата на законот чиј основен концепт е изгласан синоќа на владина седница, ја подготви меѓуресорска работна група, формирана од претставници на министерствата за информатичко општество и администрација, за финансии, и за труд и социјална политика, и од Генералниот Секретаријат, заедно со експерти на СИГМА.

-Законот ги опфаќа сите 1346 институции на јавниот сектор со 132 088 вработени кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор, сите избрани и именувани лица, како и вработените во сите трговски друштва во целосна државна сопственост или во сопственост на единиците на локалната самоуправа, информираа денеска од Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА), ресорот што го предлага законот.

Се предвидува, како што соопшти МИОА, врз основа на правилата во законот да има повеќе различни области:  Законодавна власт,  Извршна власт,  Судска власт,   Локална самоуправа, Избрани, именувани и назначени лица и Трговски друштва во целосна државна сопственост.

-Во рамки на секоја од овие области може да се уредат еден или повеќе потсистеми. На пример, во рамките на извршната власт ќе има еден потсистем за државните органи, еден потсистем во образование, еден потсистем за здравство, еден потсистем во култура итн, појаснуваат од МИОА.

Премиерот Димитар Ковачевски минатиот месец информираше дека се изработува нов закон за плати со којшто ќе се дефинира најголемата плата во јавните институции, врз основа на која сите плати потоа ќе бидат унифицирани, односно ставени во конзистентна рамка.

-Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата, особено на раководните лица, изјави премиерот  Ковачевски, посочувајќи дека со сегашната регулатива со која што има има неконзистентност на платите.

The post Усвоен основниот концепт на новиот закон за платите во јавните институции appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK