Арсенал навистина сака на лето да доведе квалитетен напаѓач, а еден од играчите кои се на мета во преодниот рок е Александер Исак.
Овој фудбалер е член на Њукасл и според сите проценки така ќе остане и следната сезона.
Вредноста на Исак е огромна, според податоците на сајтот „Трансфермаркт“ неговата вредност е 70 милиони евра, а има договор до 2028 година и јасно е дека ќе биде исклучително тешко некој да го одземе од Њукасл.
Во просек постигнува гол на секои 114 минути во сите натпреварувања.
„Нема да ги продаваме нашите најдобри играчи. За нас е многу важно тоа, ако ги продадеме, тогаш одиме наназад. Тогаш мора да почнеме од почеток”, изјави Еди Хау, тренерот на Њукасл.
И се чини дека е во право…
The post „Затворена врата“ за Арсенал, нема понуда одличниот напаѓач што сакаат да го придобијат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
