мај 12, 2024

Косово денеска го затвори својот најголем граничен премин, откако патниот правец беше блокиран од демонстранти од српска страна на границата, во знак на поддршка на сонародниците во Косово кои протестираат веќе неколку седмици.

Во моментов отворени за сообраќај се три од шесте премини кон Србија.

Демонстранти од вчера со камиони и трактори го блокираа магистралниот патен правец, недалеку од преминот „Мердаре“ на источната граница на Косово.

Блокадата спречува илјадници Косовари кои работат низ Европа да се вратат дома за празниците.

„Ако веќе сте влегле во Србија, тогаш мора да користите други гранични премини… или да поминете преку Северна Македонија“, објави косовското Министерство за надворешни работи на својата фејсбук-страница, соопштувајќи за затворањето на преминот „Мердаре“.

Затворањето стапи на сила на полноќ, иако веќе и претходно не беше можно да се помине.

Влезната точка „Мердаре“ е најважната точка за патниот товарен сообраќај во Косово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK