мај 17, 2026

Последниот натпревар од саботната програма, од претпоследното коло на Премиер лигата донесе уште еден тежок удар на Вест Хем. Надежта за опстанок, ако тлееше, сега е речиси згасната. Вест Хем загуби на гостувањето кај Њукасл, кој славеше со резултат од 3:1.

Блицкригот на „страчките“ во првото полувреме го фрли во очај Вест Хем. Волтемаде во 15-та и Осула во 19-та минута го совладаа Хермансон. Конечниот удар на „чеканите“ им го зададе Осула во 65-та минута.

За утеха на Вест Хем, Тати Кастељанос, четири минути подцна постигна фантастичен гол, кој ќе влезе во конкуренција за гол на сеозната.

Ситуацијата на табелата е таква што Вест Хем има 36 бода, два помалку од Тотенхем, кој има натпревар помалку (гостува кај Челзи во понеделник).

Во последното коло, Вест Хем го пречекува Лидс, Тотенхем ќе се сретне со Евертон.

За да остане во лигата Вест Хем ќе треба да го победи Лидс, а Тотенхем во два натпревари да не освои ниту еден бод.

Share

The post (Видео) Вест Хем тоне кон Чемпионшип appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK