мај 17, 2026

Антоан Гризман го одигра последниот натопревар во дресот на Алтико Мадрид на „Метропилитано“ стадионот во Мадрид. Во претпоследното коло, Гризман со капитенската лента, го предводеше Атлетико до победата над Џирона (1:0).

Во својот последен натпревар, Гризман доби шпалир од сите играчи и громогласен аплауз и овации од навивачите. Повеќето од нив не можеа да ги задржат солзите, исто како и Гризман.

Натпреварот имапе посебна симболика, Гризман го одигра 500-от натпревар во дресот на Атлетико и ја забележаа 100-та асистенција.

По неговата акција, Адемола Лукман го постигна единствениот гол во 21-та минута.

Прашање е дали Гризман ќе биде во тимот, во последната рунда, кога Атлетико ќе гостува кај Виљареал.

На крајот од сезоната, 35-годишниот Гризман го напушта Атлетико Мадрид, се сели во Орландо.

Гризман е легенда на Атлетико. Одигра 500 натпревари за клубот. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико со 212 голови, а додаде и 100 асистенции. Со клубот ја освои Лига Европа, Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија. Во клупската историја е запишан и како стрелец на првиот гол на новиот стадион „Метрополитано“.

foto/ epa

Ова е втор престој на Гризман во Атлетико, каде што помина вкупно десет години. Првпат се приклучи на клубот во летото 2014 година од Реал Сосиедад за 34 милиони евра.

Пет години подоцна, беше продаден на Барселона за 120 милиони евра, но по две години се врати прво на позајмица, а потоа во 2023 година и трајно. Атлетико тогаш за него плати 22 милиони евра.

foto/ epa

Share

The post (Видео) Гризман со солзи во очите се збогува со навивачите на „Метрополитано“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK