мај 17, 2026

Хаос избувна во претпоследното коло од француската Лига 1, на натпреварот меѓу Нант и Тулуз кога навивачите упаднаа на теренот и го прекинаа дуелот.

Прекинот се случи во 22-та минута, кога беа фрлени факели на теренот, петарди, топовски истрели.

Потоа ултрасите на Нант влетаа на теренот од сите страни на трибините.

Тие трчаа кон играчите и кон клупата на нивниот тим кој испадна во Лига 2.

Тренерот на Нант, легендарниот Вахид Халилхоџиќ (74) стоеше пред оние чии лица беа скриени со фантомики.

Додека полицајците и редарите брзо ги отстрануваа играчите на двата тима од теренот, Халилхоџиќ едвај го задржаа, бидејќи очигледно сакаше да се соочи со хулиганите.

Share

The post (Видео) Прекинат натпреварот во Нант, 74-годишниот Халилхоџиќ во клинч со хулиганите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK