Полицијата во Менхенгладбах уапси повеќе од 200 луѓе кои учествувале во навивачки судири ноќта пред натпреварот од Бундеслигата меѓу Борусија и Келн.
Полицијата соопшти дека уапсила вкупно 205 „проблематични навивачи“, 131 навивачи на Келн и 74 домашни навивачи.
Полицијата интервенирала по жестоките судири пред стадионот каде приврзаниците на Гладбах ја подготвувале кореографијата за натпреварот.
Повредени се и тројца полицајци, од кои еден не можел да продолжи со својата должност, соопшти полицијата.
Полицијата наводно повикала засилување и употребила бибер спреј и палки за да ги раздвои двете групи.
The post Навивачки инциденти во Менхенгладбах, уапсени 250 лица appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
