мај 10, 2026

Ивица Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која е предложена за нов претседател на српскиот Парламент.
Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека седницата на Владата се одржала во петокот.

„Донесовме некои важни одлуки и заклучоци. Се збогував со министрите, а Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Конститутивната седница на Собранието на Србија ќе продолжи во понеделник на 11 март во 11 часот, а на дневен ред е изборот на претседател на парламентот.
Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Претседателството на СНС било договорено Ана Брнабиќ да биде кандидат за претседател на Собранието на Србија.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK