мај 11, 2026

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од кривичниот законик.

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор и согласно член 214 од Колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З.Ц. од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK