мај 11, 2026

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо изјави дека Килијан Мбапе ќе ја освои Златната топка доколку потпише договор со Реал Мадрид.

Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната. Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал на крајот од сезоната.

„Треба да почекаме да биде официјално објавено пред да навлеземе во детали, но јасно е дека сите едвај чекаат Мбапе да замине во Мадрид. Тој е неверојатен играч“, изјави Роналдо, а пренесува „Дејли мејл“.

„Знам точно што ќе се случи кога Мбапе ќе дојде во Мадрид. Тој ќе стане најдобар играч и ќе ја освои Златната топка. Мислам дека тоа е добар избор за него”, додаде поранешниот бразилски репрезентативец.

Роналдо (47) играше за Реал од 2002 до 2007 година.

„Не знам која е вистината, но луѓето зборуваат за заминување на Мбапе од Пари Сен Жермен. Секако, тој ќе има тим во Реал кој ќе го поддржи во каква било одлука што ќе ја донесе. Во Мадрид тој ќе има тим кој ќе му помогне и на теренот и надвор од него. Ќе го заштитат. Имаше добри моменти во ПСЖ, беше голема ѕвезда“, изјави Роналдо.

The post Роналдо: Ако оди во Реал, Мбапе ќе ја добие Златната топка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK