мај 11, 2026

Иако се добро познати штетните ефекти на зашеќерените пијалоци врз нашите заби, постои уште еден пијалок кој звучи поздраво, но во никој случај не е толку безопасен за вашите заби како што мислите.Иако минералната вода не е толку лоша за вашите заби како повеќето газирани сокови, таа не е ни добра.

Процесот на карбонизација формира јаглеродна киселина кога се раствора во вода, што го намалува нивото на pH во устата, што може да ја еродира забната глеѓ.

Ова на крајот доведува до слабеење на забите, пишува Mirror.

Исто така, многу газирани пијалаци со вкус содржат лимонска киселина или други киселини кои потенцијално можат да ги оштетат забите, и иако содата може да биде освежителна алтернатива на зашеќерените газирани сокови, мудро е да се консумира умерено и со добра дентална хигиена.

Подобро е да пиете само обична вода, а ако навистина сакате газиран пијалок, едноставно користете сламка за течноста да не дојде во директен контакт со глеѓта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK