мај 11, 2026

Една година по грозоморното убиство на 12-годишното девојче Луизa во Германија, медиумите објавуваат нови детали за злосторството што ја потресе Европа.

Луиза е убиена на 11 март 2023 година, а за нејзиното убиство се осомничени нејзината најдобра другарка (12) и уште едно дете (13). 

ЗЕЛЕНСКИ: УКРАИНА ГРАДИ ОДБРAМБЕНА ЛИНИЈА ДОЛГА 2.000 км

Украина гради три одбранбени линии со вкупна должина од 2.000 километри! Претседателот Володимир Зеленски […]

Избрано за НАЈУБАВО КУЧЕ НА СВЕТОТ: Тоа е неверојатно меко и паметно, а кога ќе ги видите неговите шепи…

Австралискиот овчар Викинг е прогласен за најдобро куче на изложбата Crufts 2024, која заврши […]

ЗАГИНАЛО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Страшен судар однесе 9 животи: Мало дете (2) преживеало од чиста среќа (ФОТО)

Двегодишно момче е единственото преживеано во страшната сообраќајна несреќа во која загинаа девет лица […]

Македонскиот политички фактор не смее во ниту еден момент да дозволи да биде уценуван од никој

Со нови луѓе во политиката Македонија да се трансформира во современадржава. Претседателот на Движењето […]

Претседателот на Полска ги повика членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на три отсто од БДП

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска ги повика другите членки на НАТО алијансата да […]

Последните податоци покажуваат дека телефонот на пријателката на Луиза, којa е осомниченa за злосторството, бил регистриран повеќе од 70 минути на местото каде што е убиена Луиза.

Безживотното тело на девојчето, со повеќе од 70 убоди, било пронајдено во шумата Фрауденберг-Хоенхајм. Се верува дека нејзината најдобра пријателка ја намамила во шумата под изговор дека има специјално изненадување за Луиза. Луиза и’ испратила порака на мајка си дека оди со другарките да го види изненадувањето и никогаш не дошла дома.

Оружјето за убиство никогаш не е пронајдено, а постои сомневање дека Луиза била избодена со турпија за нокти. При обдукцијата биле откриени 74 убодни рани, а при нападот биле оштетени и бројни органи. Ниту една од убодните рани не била фатална, па заклучокот на судскиот вештак бил дека малата Луиза искрварила до смрт.

Во прилог на теоријата дека Луиза починала во агонија, тоа што телефонскиот сигнал на нејзината најдобра пријателка бил регистриран на местото на злосторството повеќе од 70 минути, пишува Телеграф.

Според неофицијални информации, убијците се фотографирале и со телото на Луиза.Никој не одговараше за ова грозоморно убиство, со оглед на тоа што осомничените поради возраста не можат кривично да одговараат.

Истрагата покажала дека осомниченото девојче дошло во шумата со торба и селотејп лента, со намера да ја удави Луиза, на што укажуваат трагите пронајдени на телото на убиеното дете. Кога не успеала во тоа, едната од девојките ја задржала Луиза, а потоа, веројатно, другата и’ нанела повеќе од 70 смртоносни убодни рани.

Она што дополнително ја шокираше светската јавност е фактот дека девојката се обидела да го прикрие злосторството. Извори од истрагата тврдат дека по убиството и’ се јавила на мајката на Луиза загрижена што Луиза сè уште не се вратила дома.

Додека сите ја барале Луизa, осомничената девојка била дома и бришела податоци од телефонот кои би можеле да ја компромитираат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK