Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.
Во периодот од 24.02 до 28.02.2024 на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот во неколку наврати испратил пораки со заканувачка содржина на тројца полициски службеници, известија од МВР во дневниот билтен.