ноември 24, 2024

Освен затворската казна на Банкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари, пренесува „Гардијан“. Неговиот адвокат, според британскиот медиум, го повторил ветувањето дека уште денеска ќе поднесе жалба на казната

Основачот на Еф-ти-екс на заминување од федералниот суд во Њујорк по сослушување одржано на 26 јули 2023 година / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Сем Банкмен-Фрид, кој некогаш ја водеше една од најголемите берзи за крипто-валути во светот – Еф-ти-екс (FTX), денеска во Њујорк е осуден на 25 години затвор.

Освен затворската казна на Банкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари, пренесува „Гардијан“. Неговиот адвокат, според британскиот медиум, го повторил ветувањето дека уште денеска ќе поднесе жалба на казната.

Банкмен-Фрид, кон крајот на минатата година, беше осуден за измама и заговор за перење пари.

На судењето Банкмен-Фрид се појавил во затворска облека со крената коса, во неуреден стил по кој беше познат како крипто-милијардер, а додека судијата ја изрекувал казната, според „Гардијан“, Банкмен-Фрид не реагирал.

За време на изрекувањето на казната, судијата Луис Каплан го опиша Банкмен-Фрид како пресметлив математички гениј кој бара моќ и влијание додека свесно правел погрешни постапки. Иако Банкмен-Фрид се извини за падот на Еф-ти-екс, велејќи дека „донел низа лоши одлуки“, Каплан изјавил дека „никогаш немало каење“ за неговите злосторства.

„Тој знаеше дека е погрешно, знаеше дека е криминално“,

рече Каплан.

Расправата, пренесува британскиот медиум, започна со тоа што Каплан отфрли неколку аргументи на одбраната за насоките за изрекување на казната, како и изјави дека Банкмен-Фрид извршил лажно сведочење многу пати за време на неговото сведочење на судењето.

Пред Каплан да ја прочита својата одлука, Банкмен-Фрид, неговиот бранител и федералниот обвинител дадоа изјави.

Банкмен-Фрид се извини велејќи дека му е „жал што тоа се случило“. Тој ги пофали своите поранешни вработени и директори, вклучително и ко-основачот Гери Ванг и неговата поранешна девојка Керолин Елисон кои сведочеа против него. Банкмен-Фрид тврдеше дека сака да може да помогне во враќањето на средствата на клиентите, но призна дека повеќе не е на моќна позиција.

Инаку, Банкмен-Фрид беше уапсен во декември 2022 година на Бахамите по налог на американското обвинителство откако неговата фрима Еф-ти-екс банкротира.

Обвинителите го товареа Банкмен-Фрид дека ги лажел инвеститорите и заемодавачите, како и дека украл милијарди долари од берзата за крипто-валути Еф-ти-екс, што предизвикало да се забрза нејзиниот колапс. Обвинението се однесуваше за седум точки за измама и перење пари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK