Јаник Синер ќе се бори за титулата на Мастерсот во Мајами. Италјанецот, во првото полуфинале го декласира Данил Медведев со 6:1, 6:2 за само 71 минута игра.
Синер, на стартот два пати му го одседе сервисот на Медведев, експресно дојде до 5:0 и тука најави во која насока ќе се движи мечот.
Сличен тек имаше и вториот сет, разликата е само што Медведев освои гем повеќе.
Синер во финалето ќе игра против победникот од дуелот Григор Димитров-Александар Зверев.
Инаку, доколку Синер го освои Мајами ќе се искачи на второто место на АТП листата.
The post Дебакл на Медведев во Мајами – Синер му препушти само три гема appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде