ноември 24, 2024

Слоганот, како што рече Силајновска-Давкова на неговата денешна промоција, е поради хроничната и акутна состојба со македонската демократија, за која оцени дека не само што е во тешка криза туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таква држава, додаде таа, најголеми жртви се граѓаните

„Македонија повторно горда“ – ова е водечкиот слоган под кој претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја води кампањата за претстојните избори за шеф на државата.

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за шеф на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

Слоганот, како што рече Силјановска-Давкова на неговата денешна промоција, е поради хроничната и акутна состојба со македонската демократија, за која оцени дека не само што е во тешка криза туку зборува за една слаба држава или држава во пропаѓање. Во таква држава, додаде таа, најголеми жртви се граѓаните.

„Кога велам ‘Македонија повторно горда’, пред сè мислам на граѓаните, повторно горди. Причината е да се врати надежта, причината е да се врати довербата во демократијата, причината е нацијата повторно да знае дека сите во политиката, вклучувајќи ги и шефот на државата или претседателката на државата, имаат обврска во секој свој чекор и потег да се водат од националните односно од државните интереси“,

порача Силјановска-Давкова на промоцијата на слоганот за претседателската кампања.

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за шеф на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија повторно горда“, вели Силјановска-Давкова, е слоган кој не е случајно избран. Додава дека е потребно да се проблематизира односот кон малите држави и дека неслучајно, како што вели, големите или оние однадвор понекогаш се однесуваат кон нас како да не заслужуваме гордост.

„Зошто? Зашто погрешната слика за нас ја даваат оние кои треба да бидат најгорди – претседателот на државата, премиерот, претседателот на Собранието. Нивната слика е сликата за државата. Тие не заслужуваат гордост, се разбира, и во односите на сите кон нив, ова се повторува. Затоа мислам дека ако сами не се почитуваме, не треба и не можеме да очекуваме почит однадвор, ако сами немаме самодоверба, нема да ни веруваат. Овие луѓе не заслужуваат доверба, знаат дека тоа не го заслужуваат и немаат ни самопочит. Затоа, мислам дека е време за длабоки промени и реформи. Време луѓето да се идентификуваат со оние коишто треба да ги застапуваат нив и националните и државни интереси, луѓе кои имаат самодоверба не затоа што попусто граѓаните им веруваат. Кога сте успешни, вие верувате во себе и ја заслужувате довербата“,

додаде претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие избори, според Силјановска-Давкова, на власт ќе доведат луѓе кои се почитувани, кои заслужуваат доверба и луѓе кон кои и граѓаните и однадвор ќе се однесуваат како со некој што ја заслужува нивната доверба.

„Тогаш малото нема да биде грдо, малото ќе биде убаво. Малите држави се исто така актери во меѓународната политика и ако ние на вистински позиции ги одбереме вистинските луѓе, односот кон нас ќе се смени. Ако сакаме да имаме европска политика, тогаш треба да имаме и европски фигури, европски научници, европски професори, европски политичари, европски државници. Верувајте дека тогаш односот кон Македонија ќе биде како кон земја којашто иако мала, е горда“,

заклучи Силјановска-Давкова.

Инаку, кампања пред првиот круг на претседателските избори ќе започне на 20 дена од денот на одржување на изборите, односно на 4 април, и ќе трае до 22 април, по што следува дводневниот изборен молк. Првиот круг од изборите за шеф на државата е закажан за 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK