СДСМ денеска одржува седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево и конгрес на кој е донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај.
Според информации на МИА од СДСМ, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.
На 28. Конгрес на партијата , и покрај големите кавги и несогласуванња во седиштето на партијата , се носи конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите е презентирана и програмата за претстојните избори.