ноември 23, 2024


Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги обнови своите летови за Триполи по 10-годишен прекин, означувајќи ново поглавје во односите меѓу Турција и Либија, пишува турскиот весник „Туркије“.

Авионот на авиокомпанијата слета на меѓународниот аеродром „Митига“ во либиската престолнина и беше пречекан со церемонија на која присуствуваа министерот за транспорт на Либија, Мохамад Салем Аш Шахуби, турскиот амбасадор во Триполи, Кенан Јилмаз, генералниот директор на турската цивилна авијација проф. Кемал Јуксек, генералниот директор на цивилното воздухопловство на Либија, Абдурахман бин Јусуф и генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши.

Министерот за транспорт на Либија, Мохамад Аш Шахуби, изрази благодарност до турската влада за нејзините напори да ги обнови летовите на авиокомпанијата. Според него, тој чекор ќе ги поттикне и другите меѓународни авиокомпании да преземат слични чекори.

Турскиот пратеник Јилмаз рече дека Турција и Либија се решени да ги зајакнат своите односи на полето на транспортот, како и на сите други полиња. Тој подвлече дека обновувањето на летовите претставува историски пресврт во односите меѓу двете земји.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK