септември 19, 2024

Почина момчето Марко Здравевски за кое учениците од „Раде Јовчевски Корчагин“ заедно со нивните наставници организираа хуманитарни претстави со цел да се помогне неговото лекување од карцином кое траеше со месеци.

Жалната вест за Марко кој учеше во „Корчагин“ ја сподели професрката Татјана Алексиќ која беше една од главните организатори на претставите кои се играа од страна на средношколците.

– Ќе го испратиме Марко. Ќе одлета во вечноста кај Кирил, Тамара и сите наши прерано заминати чеда… Неговата храброст да се соочи со смртоносната болест сите ќе ја паметиме. Тоа кротко момче со полунасмеано лице, ретко креваше рака на час, но знаеше да одговори кога ќе го прашаш. Знаеше и сега дека е во стапица. Знаевме сите, но сакавме последните дваесетина месеци да ја почуствува љубовта, не само на родителите, роднини и пријатели, туку и од учениците на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин, вели таа во објава на својот фејсбук профил.

-„Чекајќи го…” два пати ја игравме за него. Свесни дека е аматерска претстава, свесни дека е без уметничка вредност, напишана и осмислена од една обична учителка, свесни дека и собраните пари се чиста симболика, (доволни за една и половина хемо терапија), но исто толку свесни, дека во име на хуманост и човечка умешност испраќаме етичка порака не само до него, туку до сите генерации. Тоа се дела со уметничка вредност. Љубовта треба да се покажува и докажува, затоа што е невидлива. Не можеш да ја видиш, исто како ни Господ, додава таа.

Последното нешто што им го кажал на своите другари, со кого делел клупа во Корчагин, било: „тешка е умирачкава, брат” и „не ми бега брдото на Петровец”, откри професорката Алексиќ која со емотивни зборови се прости од поранешниот ученик, а истовреме им е морална поддршка на младите генерации ученици во овие моменти на тага.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK