септември 20, 2024

Фудбалерите на Интер славеа на свој терен против екипата на Емполи со резултат 2:0, во натпревар од 30.коло во Серија А. Интер на тој начин се врати на победничкиот колосек по ремито во претходното коло против Наполи.

„Нероаѕурите“ преку Федерико Димарко во петтата и Алексис Санчез во 81. минута дојдоа до нови три бода. На табелата сега имаат 79 поени, со што останаа 14 бодови повеќе од второпласираниот Милан.

На осум кола до крајот на сезоната на Интер му се потребни уште девет бода за да ја обезбеди титулата.

По овој натпревар Емполи останува во опасната зона на 18. место.

Во 31. коло избраниците на Симоне Инзаги ќе гостуваат кај Удинезе, додека Емполи ќе се обиде да ја прекине серијата порази против Торино.

The post (Видео) Интер лесно го победи Емполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK