септември 20, 2024

„Во 2022 година требаше да ги решиме уставните измени најдоцна до 2023 година и сега веќе знаете дека уште во декември имаше можност да се отвори целиот прв кластер, доколку беа завршени тие обврски. Доколку го отворевме првиот кластер веќе немаше да има пречка бидејќи имам еизвештај за вториот кластер и тој веднаш да биде отоврен. Значи тоа не е нереано очекување. Она што не го предвидовме е активната блокада на сопствената држава од ВМРО-ДПМНЕ. Ние истото го кажуваме и сега, дека е возможно до 2028 година да ги завршиме преговорите ако ВМРО-ДПМНЕ прекине да ја блокира сопствената држава“, вели вицепремиерот

Сосема реална и достижна цел е во наредните четири години да ги заклучиме преговорите со Европската Унија, под услов да не ги изгубиме и наредните четири години. Ова вечерва во емисијата Топ Тема на ТВ Телма го изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, одговарајќи на прашањето што е направено и што можеше досега да биде завршено во делот со евроитеграцијата на државата. Според него, возможни се придвижувања во процесот доколку не се трудиме да ги вратиме работите назад, да преговараме повторно со Бугарија, туку како што вели да се фокусираме на преговори со Европската Унија.

„Граѓаните ќе имаат едноставна дилема, дали сакаме во наредните четири години да преговараме повторно со Бугарија или сакаме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Ние нудиме да продолжиме да преговараме со ЕУ. Ги направивме сите предуслови за почеток на преговорите во еден тежок процес дојдовме до компромисот со Бугарија, имаме усвоена преговарачка рамка која ги заштитува нашите национални интереси, македонскиот јазил, неговиот статут и единствен услов за продолжување на преговорите уставните измени, а сите други прашања ги тргнавме надвор од преговарачката рамка и надвор од преговарачкиот процес, ставајќи ги на билатерално поле каде што треба да ги решаваме со Бугарија“,

рече Маричиќ.

Според него, доколку по завршениот скрининг 15 месеци успешно оценет од сите, завршен и веќе сме ги добиле двата извештаи за првиот кластер, за темелни вредности и внатрешен пазар, она што следува по изборите е комплетирање на преговарачките групи и планот за раст.

Сето тоа, како што вели Маричиќ е достижно во следните четири години да се заклучат преговорите до 2028 година.

„Нам ни треба обновен консензус за ЕУ. Ние би биле најсреќни оваа тема да беше досега завршена и затоа ја предложивме пред две години. Затоа работевме на тоа и работевме на убедувањето на опозицијата овие избори да бидат растоварени од тој притисок. Фактичката состојба ја побива тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека овие избори не се за нашето идно членство во ЕУ. Напротив овие избори се токму за тоа. Додека БиХ добива преговори или одлуки за преговори, додека Украина и Молдавија добиваат преговори и веќе го почнуваат скринингот, тие треба за некој месец да ја усвојат преговарачката рамка во оваа комисија. Сите се движат напред, ние решивме заради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ да стоиме во место. Желба на поголемиот број на граѓани е да ја видат Македонија во ЕУ“,

вели тој.

Според него, нивниот план бил доколку не била блокадата од ВМРО-ДПМНЕ да се птвпрат половина или 80 отсто од поглавјата до 2024 година.

„Во 2022 година требаше да ги решиме уставните измени најдоцна до 2023 година и сега веќе знаете дека уште во декември имаше можност да се отвори целиот прв кластер, доколку беа завршени тие обврски. Доколку го отворевме првиот кластер веќе немаше да има пречка бидејќи имам еизвештај за вториот кластер и тој веднаш да биде отоврен. Значи тоа не е нереано очекување. Она што не го предвидовме е активната блокада на сопствената држава од ВМРО-ДПМНЕ. Ние истото го кажуваме и сега, дека е возможно до 2028 година да ги завршиме преговорите ако ВМРО-ДПМНЕ прекине да ја блокира сопствената држава“,

рече Маричиќ.

Уште од самиот почеток кога станал вицепремиер, Маричиќ вели дека инсистира сите клучни документи кои ги изготвува секретарот за европски прашања да одат на Националниот совет за интеграција.

Разговарав и со претседателот на Националниот совет, Александар Николовски да направиме измени или да донесеме закон за преговори во кој Националниот совет ќе има силна улога во дискусијата и влијание врз преговарачките позиции. Тоа значи Парламентот и опозицијата да добијат улога ви целиот процес, со цел Владата да има посилни позиции“,

рече вицепремиерот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK