септември 20, 2024

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, зборувајќи за евроинтегративниот процес на Македонија, во интервју за Канал 5 рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ.

Николоски во интервјуто кажа дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ.

„Прв кажав дека ќе ги спојат Македонија и Албанија врз основа на договор на Бујар Османи, и тогашниот МНР на Албанија. Никој не веруваше тогаш, дури од влада испраќаа соопштенија дека тоа било научна фантастика. Таа научна фантастика се реализира, и станавме споени. Јас тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради погледите на Европската Унија“, рече Николоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK