септември 19, 2024

Младата велешанка Теодора, која заедно со својата две-годишна ќерка заминала од домот на родителите на 16-ти септември, и по која се трагаше, вчера биле пронајдени во Струмица.

Веста за пронаоѓањето на мајката и ќерката ја потврдија од СВР Велес. Од таму информираат дека мајката и ќерката се во добра состојба.

Како потсетување, велешанката со ќерката живеела во домот на своите родители, од каде заминала по расправија со таткото. Истиот ден, тој пријавил во СВР Велес дека ќерка му заедно со внуката се оддалечила, а потоа и на социјалните мрежи се објави фотографија од неа, со апел дека се трага по неа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK