септември 20, 2024

Тони Цетински важи за еден од омилените пејачи во регионот, а малкумина знаат една многу голема работа за него – кое е неговото вистинско име.За време на неговата тридецениска кариера, тој се претставуваше како Тони , но неговото вистинско име е всушност Антони.Инаку, пејачот во последно време повеќе е јавна тема поради некои други работи, а не неговите песни.Ускок (Специјалното обвинителство на Хрватска за сузбивање на корупција и организиран криминал) покрена обвинение против пејачот бидејќи, според наводите, било утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот.Обвинителството објави документи во кои заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ, наводно, испратил обвинение против 18 лица до Жупанискиот суд во Загреб на 28 декември 2023 година, а Цетински бил на тој список.Во тој нов обвинителен акт обвинетите се обвинети дека издвоиле пари за добивање лажни потврди за вакцинација против Ковид, со што се стекнале со право на дигитална ЕУ-пропусница за ковид.За оваа вест Тони зборуваше за српскиот портал 24седам, но не сакаше ниту да ги потврди ниту да ги демантира овие наводи, туку само напиша „Стара вест“ во пораката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK