септември 20, 2024

Откако Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), кој во соработка со МРТ изминатиов период спроведе серија испитувања на јавното мислење во пресрет на двојните избори, денеска најави дека ќе поднесе тужби по обвинувањата кои ги изнесе СДСМ оти анкетите биле лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, порталот „Рацин“ го објави ставот на политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чија агенција во соопштението на Македонската-радио телевизија (МРТ) е посочена како една од ангажираните за спроведување анкети за јавното мислење.

Арсовски вели дека тој и неговата агенција „Креатиф“ не се вклучени во спроведувањето на анкетите и во изведувањето на заклучоците од истражувањата, туку само во делот на анализа и коментар на податоците, односно бројките што ги подготвиле во ИПИС.

„Со внимание го следам развојот на настаните и анализите на МТВ и во овој момент можам да кажам дека моето учество во анализите за кои станува збор, не вклучува спроведување на анкети, туку анализа и коментар на бројки и трендови. За евентуална проверка или валидација на податоците добиени од спроведените истражувања морам да ве упатам на агенцијата која ги спроведува истражувањата“, изјави Арсовски.
Вели дека како политички аналитичар коментира актуелни политички состојби веќе две децении и дека некогаш неговите анализи не им се допаѓаат на едни, некогаш на други, некогаш на трети.

„За жал тоа е дел од домашниот политички фолклор. За мене најважно е што сиот овој период, иако со многу напор успевам да го зачувам професионалниот кредибилитет и затоа како и во претходни случаи, така и сега не чувствувам никаква потреба да бидам инволвиран во ниту една дневно политичка програма“, рече Арсовски.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK