ноември 10, 2024

Тројца тетовци се лишени од слобода синоќа зашто биле пријавени за физички напад врз нивната снаа, соопшти МВР.

Полициски службеници од СВР-Тетово синоќа околу 21 часот ги лишиле од слобода О.Б.(38), А.Б.(42) и 32-годишната Ф.Б., сите од Тетово, кои пред тоа во СВР-Тетово биле пријавени од нивната снаа, односно јатрва Т.Б.(35) од Тетово, дека околу 19.15 часот во дворот на нејзината семејна куќа физички ја нападнале.

Тие при нападот користеле и железен предмет, кој бил пронајден на самото место и одземен.

Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, рекоа од СВР Тетово.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK