септември 21, 2024

Многумина денеска беа зачудени зошто додека се враќаа од своите работни места заглавија во сообраќаен хаос по улиците на Скопје.

Причината за тоа беше затворањето на булеварот Илинден пред зградата на Владата каде се поставуваше бина за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради затворање на оваа фреквентна делница низ центарот на Скопје се случуваше сообраќаен хаос што резултираше и со неколку помали сообраќајни несреќи кои дополнително го отежнуваа и онака отежнатиот сообраќај.

Вака ќе биде и во текот на утрешниот ден, а враќање во нормала се очекува дури задутре наутро.

Како изгледаше сообраќајниот хаос снимен од дрон, погледнете во видеото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK