септември 20, 2024

„За мене најважно е што сиот овој период, иако со многу напор успевам да го зачувам професионалниот кредибилитет и затоа како и во претходни случаи, така и сега не чувствувам никаква потреба да бидам инволвиран во ниту една дневнополитичка програма“, вели политичкиот аналитичар

Откако Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), кој во соработка со МРТ изминатиов период спроведе серија испитувања на јавното мислење во пресрет на двојните избори, денеска најави дека ќе поднесе тужби по обвинувањата кои ги изнесе СДСМ оти анкетите биле лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, порталот „Рацин“ го објави ставот на политичкиот аналитичар Петар Арсовски, чија агенција во соопштението на Македонската радио-телевизија (МРТ) е посочена како една од ангажираните за спроведување анкети за јавното мислење.

Фото: Принтскрин

Арсовски вели дека тој и неговата агенција „Креатиф“ не се вклучени во спроведувањето на анкетите и во изведувањето на заклучоците од истражувањата, туку само во делот на анализа и коментар на податоците, односно бројките што ги подготвиле во ИПИС.

„Со внимание го следам развојот на настаните и анализите на МТВ и во овој момент можам да кажам дека моето учество во анализите за кои станува збор, не вклучува спроведување на анкети, туку анализа и коментар на бројки и трендови. За евентуална проверка или валидација на податоците добиени од спроведените истражувања морам да ве упатам на агенцијата која ги спроведува истражувањата“,

изјави Арсовски.

Вели дека како политички аналитичар коментира актуелни политички состојби веќе две децении и дека некогаш неговите анализи не им се допаѓаат на едни, некогаш на други, некогаш на трети.

„За жал, тоа е дел од домашниот политички фолклор. За мене најважно е што сиот овој период, иако со многу напор успевам да го зачувам професионалниот кредибилитет и затоа како и во претходни случаи, така и сега не чувствувам никаква потреба да бидам инволвиран во ниту една дневнополитичка програма“,

рече Арсовски.

Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), кој во соработка со МРТ изминатиов период спроведе серија испитувања на јавното мислење во пресрет на двојните избори, денеска најави дека ќе поднесе тужби по обвинувањата кои ги изнесе СДСМ оти анкетите биле лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Институтот додаваат дека спроведувањето и емитувањето на анкетите на јавното мислење во предизборието е исклучиво во соработка на ИПИС и МРТ и дека во процесот не е вклучена каква било трета страна, односно друг правен субјект, организација или физичко лице.

„Во однос на прецизноста и методологијата на самите анкети, ИПИС со сето свое искуство и минат труд стои зад резултатите кои се објавуваат. За точноста на податоците од истражувањата на ИПИС доволно е да се направи единствена компарација со претходните изборни циклуси или референдуми во изминатите петнаесетина години каде што јасно може да се види дека сите проекции на изборните резултати кои ги објавил ИПИС се точни, односно во рамки на дозволената маргинална грешка“,

додаваат од Институтот.

Покрај од ИПИС, денеска и од Македонската радио-телевизија ги отфрлија како неосновани обвинувањата на СДСМ оти анкетите на Институтот кои беа објавени на МРТ се лажни и по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачкиот СДСМ, објавувајќи документи, денеска обвини оти ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план кој се однесува на пласирање на лажни анкети за рејтинзите на политичарите и партиите кои во изминатиот период се објавувани во емисијата „Објектив“ на јавниот сервис и за други активности како пласирање лажни вести.

По ваквите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе тужба за клевета против СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK