септември 20, 2024

„Пендаровски се застапува за надеж и европска интеграција и Силјановска-Давкова која ја паметиме се репликите за потребата Северна Македонија бескрајно да го одложува носењето на одлуките за интеграција на државата во ЕУ. Можете да замислите како би изгледало државата таа да ја претсатвува во НАТО и на самитите на ЕУ“, вели лидерот на СДСМ

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, вечерва се соочија на дуел на Канал 5 ТВ, во пресрет на утрешниот почеток на изборната кампања за претседателските избори, кои треба да се одржат на 24 април (прв круг) и 8 мај (втор круг), заедно со парламентарните избори.

Ова е прво телевизиско соочување на двајцата претенденти за премиер откако Ковачевски стана лидер на СДСМ.

На почетокот на дебата тие одговараа на прашањето каков претседател и треба на Македонија во следните пет години.

Ковачевски прв почна да одговара и рече дека тој и СДСМ се убедени дека ќе ја добијат довербата на граѓаните да ја формираат новата европска влада, а Стево Пендаровски ќе биде избран повтроно за претседател на државата.

„Имаме многу јасна визија и јасен план за европската иднина на државата. Се темели на храбри одлуки. Да одговорам зошто Пендаровски за претседател. Зошто тој покажа во изминатиот мандат дека е претседател за сите грѓани, не ги дели граѓаните, затоа и беше поддржан од 22 илјади потписи од граѓаните. Пендаровски не направи ниту една стратешка грешка, беше еден од клучните актери за членството во НАТО и при отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Затоа сметаме дека тој повторно ќе биде избран за претседател. Сметаме дека потенцијалот на Пендаровски е поголем од сите други кандидати. На 8 мај ќе биде избран повторно, а СДСМ со коалицијата „За европска иднина“ ќе формираме влада која С Македонија ќе ја внесе во Европската Унија до 2030 година“,

рече Ковачевски.

Според Мицкоски, СДСМ долго време барало, барало и конечно нашло човек кој е подготвен да изгуби.

„Нема подобар пример од Стево Пендаровски како човек кој е подготвен да изгуби, да доживее дебакл на следните претседателски избори. Тоа ќе стане јасно на 24 април, нема потреба да чекаме до 8 мај. Сметам дека Пендаровски како претседател не покажа ама баш ништо со што ја заслужи титулата претседател. И тоа го видоа граѓаните. Како профил не одговара да биде претседате, тој не успеа да ја обедини нацијата“,

рече тој.

Смета дека она што Македонија го изгубила додека Стево Пендаровски бил претседател, брзо ќе се надокнади кога Гордана Силјановска-Давкова ќе стане претседател на Македонија.

„Во 2019 година и сека во 2024 година верувам дека Македонија треба да добие претседател каков што е Силјановска-Давкова. Споредбата меѓу нив двајца воопшто не е потребна. Станува збор за сосема различни карактери на луѓе. Од едната страна ја имате проф. Силјановска-Давкова која е меѓународно етаблирана, била избрана неколку пати како најинспиративен професор, била експерт во Европскиот совет, била дел и од Венецијанската комисија. Од друга страна го имаме Пендаровски кој ќе остане запаметен по онаа реплика која му ја даде на Бојко Борисов“,

рече Мицкоски.

Според Ковачевски, Силјановска-Давкова е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, иако се обидувале да ја претстават како независен кандидат.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да креираат одредена фама дека се собрани 28-29 илјади потписи од граѓаните, за кои се испотави дека или се непостоечки или дел биле фалсификувани. Затоа не беа ни поднесени во ДИК. На крајот доведе таа да биде кандидирана со 40-тина потписи од пратеници. Покажа дека е човек кој нема лидерски капацитет,

рече лидерот на СДСМ.

Според него, овие избори се избор помеѓу надеж и безнадежност и избор меѓу европска интеграија и изолација.

„Пендаровски се застапува за надеж и европска интеграција и Силјановска-Давкова која ја паметиме се репликите за потребата С Македонија бескрајно да го одложува носењето на одлуките за интеграција на државата во ЕУ. Можете да замислите како би изгледало државата таа да ја претсатвува во НАТО и на самитите на ЕУ. Кандидат кој нуди визија и лидерство и С Македонија да стане земја членка во ЕУ“,

рече тој.

Мицкоски реплицираше дека биле собрани повеќе од 28 илјади потписи за Силјановска-Давкова.

„Замислете СДСМ кое има мнозинство во ДИК обвинува за кривично дело, сторен фалсификат. Го повикувам Обвинителството да го провери ова. На македонскит народ му е преку глава од вакви паушални тврдења“,

рече тој.

Според Ковачевски, факт е дека тие потписи не биле поднесени во ДИК.

„Собравме над 22 илјади потписи и со тие потписи Пендаровски е кандидат за претседател. Вие вашите не ги поднесовте, иако на голема врата ги најавувавте“,

рече Ковачевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK