септември 21, 2024

Мајкл Даглас откри дека е во роднинска врска со една негова колешка.

Актерот се појави во епизода од ТВ серијата „Finding Your Roots“. На крајот од неговиот сегмент во епизодата, Даглас доби изненадување од водителот Хенри Луис Гејтс, кој му кажа на актерот дека е во далечна врска со една од неговите колешки – Скарлет Јохансон.

„Вашата роднина по ДНК е актерката Скарлет Јохансон“, рече Гејтс. „Мајкл и Скарлет споделуваат идентични делови од ДНК на четири хромозоми, од кои сите се појавуваат на страната на мајката на Скарлет, која се протега назад се до еврејските заедници во Источна Европа“.

Видно изненаден Даглас рече: „Дали се шегуваш? О, тоа е неверојатно. Ова е одлично, ова е толку кул“.

Тој вели дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со актерката за да ја информира за нивното сродство. Мајкл и Скарлет глумеа заедно во филмот Avengers: Endgame.

Мајкл е најстарото дете на Кирк Даглас и Дајан Хил. Неговите баба и дедо биле руски Евреи кои емигрирале во Америка. Вистинското име на таткото на Мајкл беше Исур Даниелович Демски, но тој го промени во Кирк. Таткото на Скарлет е со данско потекло, а мајката Мелани Слоун е од еврејско семејство од Бронкс.

The post Мајкл Даглас откри дека е далечен роднина на познатата актерка: „Дали се шегувате- Ова е одлично“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK