Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, жестокот го критикуваше Маркус Рашфорд, чија игра ја нарече „недоволно продуктивна“. Рашфорд сезонава има постигнато само осум гола на 36 натпревари. Претходни Кин го критикуваше и Ерлинг Халанд, закого рече дека „во моментот наликува на напаѓач од четвртата лига“.
„Нема сомнеж во неговите способности. Тој е исклучителен, но нешто не е во ред со него. Рашфорд сигурно не ужива во својот фудбал“, ја пренесе изјавата на Кин „Дејли мејл“.
„Треба да му се удри клоца „по старски“ и да му се каже: „Ајде, ни требаш“. Ако сакаш да бидеш лидер и да имаш голем богат договор, тогаш биди сериозен“.
Кин, и покрај лошиот момент, верува дека Рашфорд ќе се врати во препознатливата форма.
„Во клубот е долго време, од дете. Знае што треба да прави, конечно да почне да трча малку повеќе.“
The post Рој Кин: За да му дојде умот некој треба да му удри клоца на Рашфорд appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде