Поранешниот светски шампион Себастијан Фетел призна дека размислува за враќање на трките.
Германецот беше четирикратен шампион на ред додека возеше за Ред Бул. Во меѓувреме, тој се пресели во Ферари, а се пензионираше во 2022 година како возач на Астон Мартин.
„Ми се врти таа мисла низ главата. Враќањето ми е на ум. Но, во овој момент, во реалноста не сум подготвен да ја променам мојата одлука. Но, никогаш не знаеш што носи утре“, изјави Фетел.
Се шпекулираше дека Фетел би можел да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.
„Следам што се случува. Во контакт сум со многу луѓе, меѓу другите разговарав и со Тото Волф. Но во моментов тоа не е приоритет.“
The post Фетел: Не дека не размислувам да се вратам, но… appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде