ноември 10, 2024

Амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер вечерва изјави дека е потребна поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Според неа, сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, имајќи предвид дека земјава се наоѓа во предизборен период.

– Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, рече таа во интервју за ТВ 21.

Во САД, дадава таа, често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.

-Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството, рече таа.

На прашање, дали го заслуживме Специјалното јавно обвинителство, Агелер вели дека потребно е да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат „доста е“.

-Мора да постои постапка според која сите ќе одговараат. А за тоа дури и во судството е потребно да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат: „Доста е“. Ова е погрешно и јас нема да учествувам во тоа. Мора да се почне оттаму, рече Агелер.

Во интервјуто американската амбасадорка истакнува дека САД вложува многу пари во македонското судство.

-Многу пари се вложуваат, но кажете ми за резултатите, вели Агелер.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK