септември 21, 2024

Вицепремиерот за политички систем,Артан Груби во емисијата Пресинг на ТВ Клан Македонија изјави дека идната влада ќе ја формира ДУИ на Али Ахмети како што тој сака.

Тој рече дека ДУИ станал клучен фактор кој го врати СДСМ од долгогодишна опозиција на власт и дека во иднина мандатарот што ќе составува влада ќе доаѓа од редовите на „интегративците“.

„Следната влада на Македонија ја прави Али Ахмети и тој ја избира! Имаме мало седиште во Речица и таму сме Кингмејкери во изборните определби. На последните избори отидовме со СДСМ, ја донесоа на власт по повеќе години опозиција. Ние во иднина ќе бараме да имаме мандатар за формирање влада, како и да го избереме претседателот на државата со дветретинско парламентарно мнозинство“, изјави Груби.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK