септември 21, 2024

Додека јавноста е фокусирана на изборната кампања, општините продолжуваат со своите редовни активности.

А една од редовните активности се и времените вработувања во единиците на локалната самоуправа.

Пред една недела Општина Ѓорче Петров склучила еден таков договор за услуги за привремени вработувања.

Вредноста на договорот со ДДВ е 10,6 милиони денари или над 170.000 евра со времетраење од една година.

Тоа е за речиси 25% поголем износ од минатата година кога општина Ѓорче Петров со истата агенција склучила Договор во вредност од 8,2 милиони денари со вклучено ДДВ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK