септември 21, 2024

Република Српска (РС) не сака да го уништи Уставот на БиХ, туку го бара тоа што и припаѓа. Мислам дека тоа е легитимно политичко барање.

Сакаме да ја зајакнеме нашата автономија, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик, пренесе Бета. Тој ја повика ЕУ да им дозволи на политичарите во Босна и Херцеговина сами да преговараат.

-Не смееме да дозволиме да го изгубиме својот имот. Доколку го изгубиме имотот, веднаш ќе донесеме одлука за независен статус.

Секакви одлуки во однос на имотот се решени за нас и не можат да бидат на дневен ред, посочи Додик.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави дека Милорад Додик е „конструктивен лидер“ и дека Европа треба да го признае поради тоа.

-БиХ, како децентрализирана земја, не може да биде централизирана без одлука на ентитетот. Кој сака да го направи тоа, го прави против волјата на ентитетот, рече Орбан.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Тој додаде дека ако се одземе имотот на една заедница, тоа води до големи проблеми. Според него, „политиката кон Република Српска е неправедна“.

-Треба да разговараме и да ги собереме оние што го разбираат српскиот народ, и во РС и во Србија.

Од 1 јули ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе имаме тим што ќе се занимава со Босна и Херцеговина, најави унгарскиот премиер.

Тој понатаму рече дека Унгарија инвестира во РС, бидејќи, како што кажа, „РС има иднина“.

Во Бања Лука престојува унгарска делегација на чело со Орбан, а во тек е и заедничкиот Економски форум на Унгарија и РС.

Претходно денеска се одржа средба меѓу српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. мс/фото: МИА архива/ЕПА .

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK