септември 21, 2024

„Ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство“, порачал, меѓу другото, претседателскиот кандидат на ДУИ од средбите со граѓани во Студеничани

Претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи, денеска од жителите на селата во скопско Студеничани ја барал поддршката за продолжување на својата мисија за полноправно членство на земјава во Европската Унија (ЕУ).

Од средбата на кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, во скопско Студеничани

Ова вечерва го соопштија од изборниот штаб на Османи од каде информираат за денешните средби на претседателскиот кандидат на ДУИ со жителите на селата Батинци, Моране и Долно Количани.

Од средбата на кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, во скопско Студеничани

На средбите со жителите на скопските села во рамки на Општина Студеничани, како што дополнуваат, Османи остварил средби со граѓани кои ги информирал за потребите, но и за прашањата од нивен интерес.

„Со најголема понизност, како ваш човек, како личност која ги помина овие патишта, ја барам вашата поддршка за да можам во улога на претседател да го продолжам она што го започнав како министер за надворешни работи, како вицепремиер, тоа е, до 2030 година секој од вас да има европски пасош, да има европски живот и вашите деца да си ја планираат иднината овде, а не во странство“,

порачал Османи за време на средбите со жителите од Студеничани.

Од средбата на кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи, во скопско Студеничани

Можеби изгледа далечно, но, додал Османи, нема друг начин за подобар стандард освен влез во ЕУ.

Првиот ден од изборната кампања за првиот круг од претседателските избори, која официјално започна вчера, Османи го почна со прес-конференција пред вила „Водно“ од каде што порача дека во оваа мисија влегува со надеж дека ќе ја заврши како претседател на земјава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK