септември 22, 2024

Пејачот Спасен Силјаноски, кој е активен во кампањата на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова бил сопрен како вози во алкохолизирана состојба, по што одбил да соработува, но и ги навредувал и им се заканувал на полицајците.

Според Билтенот на МВР, ноќта на 6 наспрема 7 април во 3:40 тој бил застанат со возило во кое имало три лица, по што Силјаноски, кој што возел, веднаш се јавил на некое лице што го именувал како Ѓоко и барал од министерот за внатрешни работи да ургира за да не биде казнет.

По навредите и омаловажувањето на полицијата, тој бил однесен во полициска станица, каде што продолжил да ги навредува и омаловажува полициските службеници.

„Ќе видите што ќе ви се случи после 8 мај, патари ќе ве пуштам… сега ќе му се јавам на министерот за внатрешни работи, каде и да ве најдам цивил, ќе видите што ќе ви се случи“, се заканувал пејачот кон полицајците како што е наведено во билтенот.

За време на алкотестот, кој му бил направен во станица и кој покажал дека Силјаноски возел со 2,34 промили алкохол во крвта, тој продолжил да се заканува со зборовите “што ме гледате и двајцата дајте да ви ги видам фаците за да ве запамтам кај и да ве најдам крвта ќе ви ја пијам од вас“.

Инаку Силјаноски пее во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, а за соработката меѓу партијата и пејачот уште во 2020 година извести носителот на листата во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Извор: Пејач од кампањата

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK