септември 22, 2024

39-годишна скопјанка почина на скопските клиники, по тешка сообраќајна незгода која се случи во саботата на патниот правец Велес – Скопје, со тешки повреди во несреќата се здобило нејзиното бебе кое хоспитализирано на КАРИЛ.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија несреќата и велат дека несреќата се случила на 06.04 во 18.50 часот.

„На 16.06.2024 година во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички, управувано од И.К. (41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски таблички, управувано ос З.Д (57) од Гостивар“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К. (39) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт на В.К.

“Со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарно возило М.З. (65) од Гостивар, констирани во болницата во Велес“, се вели во информацијата од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK