септември 23, 2024

Трофејниот тренер Антонио Конте (54) од наредната сезона ќе го рпедводи Наполи. Конте се уште не го ставил својот потпис на договорот, но како што објавија италијанските медиуми договорот е постигнат.

Актуелниот тренер на Наполи, Франческо Калцона, заминува по завршувањето на сезоната. Тој со Словачка ќе учествува на ЕУРО 2024.

Сопственикот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис реши да го одврзе кесето, Конте ќе потпише договор на три сезони за годишна плата од осум милиони евра, а ќе има одврзани раце во однос на потенцијалните засилувања.

Италијанците веднаш се запрашаа како Конте ќе реагира со најавеното заминување на најдобриот стрелец Виктор Осимен.

Конте во кариерата бил шампион во Серија А со Јувентус и Интер и шампион во Премиер лигата со Челзи.

The post Конте ќе биде новиот тренер на Наполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK