септември 23, 2024

Владата вчера на предлог на дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, донела одлука, како второстепен орган, да го огласи за ништовно Решението за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа Радовиш

Поништено е решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, со што Владата на предлог на дополнителната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска донела нелогична, привзаконска и крајно неморална одлука. Ова е денешната реакција на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), со кое раководи министерот во техничката Влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Влековски, од каде ја прашуваат Тренчевска дали е свесна за штетата која ја прави на Центарот за социјални работи Радовиш.

Владата вчера на предлог на дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, донела одлука, како второстепен орган, да го огласи за ништовно Решението за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа Радовиш.

„Замислете поништено е решението со кое се разрешува дикторот на Центарот за социјална работа во Радовиш. Директорот Александар Филев беше разрешен на 4 април заради поднесена една кривична пријава и три прекршочни пријави по разни членови од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога“,

велат од МТСП.

Оттаму велат дека заради тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика, Велковски донел решение за разрешување на директорот на Центарот за социјални работи Радовиш.

Во сооштението од МТСП прашуваат „на што сѐ сте подготвени за да ги заштите вашите кадри“.

Владата вчера соопшти дека на предлог на дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, донела одлука, како второстепен орган, да го огласи за ништовно Решението за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 4 април годинава.
Според образложеното, по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд, а по барање на дополнителната заменик-министерка за труд и социјалан политика, утврдени се повеќе неправилности во делот на разрешувањето.

„Посоченото разрешување, во време на распишани избори, е направено еднострано од страна на министерот за труд и социјална политика. Ова, како што е нагласено, е спротивно на Законот за Владата на Република Северна Македонија, каде е предвидено, заради организирање на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство“,

се вели во соопштението од Владата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK