септември 23, 2024

„360 степени“ доби потврда од два добро упатени, независни еден од друг, извори дека во најголемиот македонски затвор е пресретнат обид за бегство
Полицијата веќе извести дека од утрово врши претрес во КПД „Идризово“, но во официјалното соопштение за јавноста засега не ги споменуваат тунелите
Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД „Идризово“, дознава „360 степени“. Постоењето на тунелите е потврдено при денешниот претрес на полицијата, кој се одвива по наредба на Обвинителството, иако сознанијата постоеле од пред извесно време. Засега, нема официјална потврда за пронаоѓањето на тунелите, но „360 степени“ доби потврда од два добро упатени, независни еден од друг, извори дека во најголемиот македонски затвор, всушност, е пресретнат обид за бегство.
До овој момент, во единственото официјално соопштение од Обвинителството не се откриваа причините за наредбата за претрес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK