септември 23, 2024

Аеродром е општина која инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација.

Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и различни спортски и музички активности,  денес се одбележа 19. роденден на општината. Во нив учество зедоа учениците од основните училишта и детските градинки, а Аеродром уште еднаш покажа дека е најубавата, најурбана и најспортска средина, а аеродромци се учат да ја чуваат и негуваат уште од најмали нозе.

Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите кои учествува во активностите и го направија овој ден посебен.

Пораките изработени од учениците од основните училишта и градинките, а кои се однесуваат на желбата за поубава, позелена и почиста општина, ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK