Во пламените јазици кои ја зафатија Универзална сала во Скопје изгоре стар градежен материјал што требаше да биде исфрлен објектот, посочи денеска Лазар Арсовски, сопственик на фирмата „Универзал Балкан“, која работи на реконструкцијата на салата. Според него, се што било во Универзална сала и што имало некоја вредност и за во Музеј и за да може да се искористи уште во 2021 година било извадено. Во салата имало стари материјали како иверица, стар челик, стар алуминиум. -Од 2021 година наваму ние активно работиме некои 4-5 месеци. Околу 70 отсто е демонтиран материјалот што беше во наша надлежност да го исфрлиме. Остана помал дел што дел е од првата фаза, како што кажа надзорот, а дел е од втората фаза,рече Арсовски. На новинарско прашање дали при чистењето на градежниот шут комапнијата се држела до елаборатот и дали сега огнот ја завршил работата за нив, Арсовски рече оти тоа не е точно. Ова не ни ја олесни работата. Тоа е стар челик и е паднат доле. Ние имавме елаборат како да го извадиме, а сега треба да се направи нов елаборат, да се види на кој начин може да се извади за да не направиме проблем и да се тргне оттаму“,додаде тој. Во однос на тоа кој ќе ја плати штетата, Арсовски рече дека секоја штета што е направена на терен што ќе се увиди и за трети лица ги сносат компаниите, како што е во договорот од кој вели дека нема бегање. Новиот објект, еве ќе бидам пооптимист, може да се почне побрзо, секоја штета што е на новата челична конструкција, ако биде увидена ќе биде заменета за нова и сето тоа ќе се среди. Се дури е во наше владение проектот ние тоа што мора да го направиме и ќе го направиме. Овој пожар не напарви некоја преголема штета на самиот проект и ако има таква ние ќе ја сносиме како последица,рече Арсовски.
Следете не, не има насекаде