септември 23, 2024

Затвореници претепале друг затвореник во штипскиот затвор, роднини на затвореникот реагираа до нашатта телевизија. Загрижени велат дека нивниот роднина кој е во затвор бил претепан, била повикана Брза помош, ама истата била вратена назад и затвореникот не бил прегледан.

За вака настанатата ситуација одговор побаравме од директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека ваков случај кај него нема пријавено.
„Кај мене нема пријава за физичка пресметка меѓу затворениците во штипскиот затвор. Имаше повикано Брза помош и истата беше вратена назад од страна на Командирот затоа што затвореникот одбивал да биде прегледан“ – вели Тодоров за М – Нет телевизија.

За разлика од него од Брзата помош Штип велат дека биле на терен и дека го прегледале затвореникот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK