септември 23, 2024

Ова, како што јавува Телевизија 24, е единствениот став на неименуван извор од Синодот на МПЦ-ОА по вчерашното интервју кое за „360 степени“ го даде митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, а во кое оцени дека томост за автокефалност што СПЦ го издаде на МПЦ-ОА е лажен

Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) нема да коментира изјави на поединци за кои смета дека не ја одразуваат позицијата на Вселенската патријаршија во целост.

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј / Фото: „360 степени“

Ова, како што јавува Телевизија 24, е единствениот став на неименуван извор од Синодот на МПЦ-ОА по вчерашното интервју кое за „360 степени“ го даде митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие.

Прашан што значи документот кој Српската православна црква (СПЦ) ѝ го додели на МПЦ-ОА и дали со него нашата Црква е автокефална, митрополитот Кирил во интервјуто за „360 степени“ оцени дека тоа е лажен томос кој, како што рече, никој го нема признаено освен Русија, која од свои причини го прави тоа.

„Тоа е провокација, тоа е, дозволете да се изразам така, срам за Црквата. Додека сите стари патријаршии и стари автокефални Цркви и поновите никогаш не направиле такво нешто, сега дојде една од новите патријаршии, веројатно најмалиот според редот на патријарсите, Порфириј, српскиот, и го направи овој голем престап, да даде автокефалност. Кому? На една црква која, за жал, над 50-60 години ја држеа во изолација, ја мачеа, ја обвинуваа, ја клеветеа, ја озборуваа со најлоши зборови, основаа друга црква во рамките на оваа црква, за да можат да ги контролираат состојбите и сл. И кога видоа дека работите почнуваат да земаат еден друг замав, – со ставот на Руската црква, за жал, Србите се приклучија кон Руската црква, станаа орган на Руската црква и по налог на Руската црква – го направија овој голем престап: да ја дадат таа лажна хартија – та тоа нема суштина, тоа е лажен томос, никој го нема признаено, баш никој, освен Русија, која од конкретни причини го стори тоа“,

рече митрополитот на Имврос и Тенедос и десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј во интервјуто за „360 степени“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK